• среда, 27 ноември 2024

САД и Кина ги завршија дводневните разговори за воена соработка

САД и Кина ги завршија дводневните разговори за воена соработка

Вашингтон, 10 јануари 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави и Кина денеска ги завршија дводневните разговори во Вашингтон за обновување на воените врски, соопшти Пентагон.

На седумнаесеттата рунда разговори присуствуваа Мајкл Чејс, помошник министер за одбрана за Кина, Тајван и Монголија и кинескиот генерал-мајор Сонг Јанчао, заменик директор на Канцеларијата на Централната воена комисија на Кина за меѓународна воена соработка, се вели во соопштението.

„Двете страни разговараа за одбранбените односи меѓу САД и Кина, а Чејс ја истакна важноста од одржување отворени линии на воена комуникација со цел да се спречи претворање на конкуренцијата во конфликт“, додаде Пентагон.

Највисокиот американски воен офицер, генералот Чарлс К. Браун, претседател на Здружениот генералштаб на САД, минатиот месец одржа виртуелен состанок со неговиот кинески колега, генерал Лиу Женли.

„Кина е подготвена да развие здрави и стабилни воени односи со САД „на основа на еднаквост и почит“, соопшти кинеското Министерство за одбрана по тој повод.

Тогаш од САД беше побарано да го намалат военото распоредување и „провокативните акции“ во Јужното Кинеско Море, како и да не ги поддржуваат таквите акции од „одредени земји“.

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг на крајот на минатата година се согласија да ги обноват воените врски, кои Пекинг ги прекина во август 2022 година, по посетата на тогашната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Односите меѓу Вашингтон и Пекинг остануваат затегнати поради прашањето на Тајван, а Кина посочи дека САД треба да се придржуваат до политиката на една Кина. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан