САД и Франција разговарале за патот за членство на Северна Македонија во ЕУ
- Заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман, синоќа телефонски разговарала со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи, Франсоа Делатр, а за најновите

Вашингтон, 16 јули 2022 (МИА) - Заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман, синоќа телефонски разговарала со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи, Франсоа Делатр, а за најновите случувања на патот на Северна Македонија и Албанија за членство во Европската Унија, јавија од Стејт департментот.
Ова денеска го соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
-Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Делатр разговараа и за најновите случувања околу патот на Албанија и Северна Македонија за членство во Европската Унија, се вели во изјавата на Прајс.
Прајс изјави дека тие разговарале и за тековните заеднички напори за обезбедување поддршка за Украина и да се повика Русија на одговорност поради „нејзината неиспровоцирана и неоправдана војна“.
-Двајцата зборуваа за важната работа за ублажување на предизвиците за глобалната безбедност на храната што резултираа од акциите на Кремљ, соопшти меѓудругото Прајс. кб/ац/