• петок, 08 ноември 2024

САД и Украина потпишаа долгорочен безбедносен договор на Г7

САД и Украина потпишаа долгорочен безбедносен договор на Г7

Бари, 13 јуни 2024 (МИА) - Претседателите на САД и Украина, Џо Бајден и Володимир Зеленски потпишаа долгорочен безбедносен договор на маргините на Г7, јави ДПА.

Петнаесет земји веќе склучија слични долгорочни безбедносни договори со Украина, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија.

Советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, вчера рече дека договорот нема да ја вклучи обврската за Вашингтон да распореди американски војници во Украина, ниту ќе содржи обврски за снабдување специфични системи за оружје.

Договорот не е договор што е ратификуван од Конгресот, што значи дека доколку Доналд Трамп биде избран за претседател во ноември, тој би можел да го откаже, забележува ДПА. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан