• понеделник, 23 декември 2024

САД и Канада со санкции против повеќе руски министри и банки 

САД и Канада со санкции против повеќе руски министри и банки 

Вашингтон, 20 јули 2023 (МИА) - Министерството за финансии на САД денеска ги прошири санкциите против Русија поради руската инвазија на Украина. Во списокот санкции службата вклучи 18 лица, 95 компании и 14 морски пловила. 

Под ограничувања се ставени неколку заменици министри како и Алексеј Кудрин, либерален економист близок на рускиот претседател Владимир Путин и поранешен министер за финансии. Кудрин сега е советник за корпоративен развој во технолошката компанија „Јандекс“. 

Мерки за блокирање на дејностите се поведени и против пет руски кредитни организации – банките „Тинкоф“, „Солидарност“, „Локо банка“ и Петербуршка социјално-комерцијална банка. Ограничувања се воведени и против руски научни институти и претпријатија од Киргистан што вршеле бизнис активности со заобиколување на санкциите против Русија. 

Проширен список санкции против Русија денеска исто така објави и Канада со ограничувања против министрите за образование и наука и за култура, како и за филмскиот режисер Никита Михалков, пејачите Филип Киркоров, Шаман, Валерија, раперот Тимати и продуцентот Јосиф Пригожин. 

Исто така под санкции се системите за плаќање „Мир“ и Yandex Pay, банките „Тинкофф“ и „Точка“, мобилните оператори „Мегафон“, МТС, „Теле2“ и „Билајн“. кб/паг/ 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан