• недела, 09 март 2025

САД затворија руска криптовалутна берза поради перење пари

САД затворија руска криптовалутна берза поради перење пари

Вашингтон, 7 март 2025 (МИА) - САД, Германија и Финска ги одзеле домените и веб-сајтовите на руската криптовалутна берза Гарантекс (Garantex), соопшти денеска Министерството за правда на САД.

Обвиненија се подигнати против двајца администратори на берзата, Алексеј Бесчоков и Александар Мира Серда, обвинети за заговор со цел перење пари. Бесчоков, кој живее во Русија и има литванско државјанство, е обвинет за заобиколување на санкциите и водење недозволен бизнис поврзан со финансиски трансакции.

Од април 2019 година берзата извршила криптовалутни трансакции во вредност од најмалку 96 милијарди долари. 

-Тајната служба на САД ги заплени домените на веб-страниците поврзани со администрацијата и работата на руската криптовалутна берза Гарантекс, а во рамки на актуелна истрага, изјави Нејт Херинг, претставник на Тајната служба.

Санкциите против Гарантекс првпат беа воведени во април 2022 година. Берзата синоќа изјави дека стејблкоинот Tether ги блокирал дигиталните паричници на нејзината платформа, со што таа ги прекинала операциите.

Блокчејн истражувачката компанија TRM Labs во блог соопштение наведе дека затворањето на Garantex „претставува значајна пресвртница во борбата против незаконските финансиски операции“, истовремено предупредувајќи дека кога се санкционирани, ваквите структури често ги заобиколаат ограничувањата со тоа што продолжуваат да работат под нови називи. кб/

 

Остани поврзан