САД го отворија новото Биро за глобална здравствена безбедност и дипломатија
- Стејт департментот денеска соопшти дека официјално го отвора новото Биро за глобална здравствена безбедност и дипломатија, чија главна мисија е зајакнување на ефективната превенција, откривање, контрола и одговор на заразни болести, вклучително и ХИВ/СИДА.

Вашингтон, 1 август 2023 (МИА) - Стејт департментот денеска соопшти дека официјално го отвора новото Биро за глобална здравствена безбедност и дипломатија, чија главна мисија е зајакнување на ефективната превенција, откривање, контрола и одговор на заразни болести, вклучително и ХИВ/СИДА.
Како што е наведено, Бирото има за цел да поттикне силна меѓународна соработка, унапредувајќи ја заштитата на САД и глобалната заедница од здравствени закани преку зајакнати системи и политики.
Се напоменува е дека пандемијата на Ковид ја истакна виталната улога што САД мора да ја играат во решавањето на здравствените проблеми во светот. ссм/