САД го освои Јунајтед купот
- Американскиот тенисер Тејлор Фриц му донесе победа на американскиот тим на Купот на Јунајтед 2025 година, победувајќи го Полјакот Хуберт Хуркач.

Сиднеј, 5 јануари 2025 (МИА) - Тејлор Фриц му донесе победа на американскиот тениски тим во Јунајтед купот 2025 година, победувајќи го денес Полјакот Хуберт Хуркач.
Средбата траеше 2 часа и 19 минути и заврши со победа на четвртиот светски рекет со резултат 6:4, 5:7 и 7:6 (7:4).
Во воведниот меч од финалето на турнирот, светската тенисерка број 3, Коко Гауф ја победи втората светска тенисерка, Ига Швјонтек со резултат 6:4 и 6:4
За Американците ова е втор трофеј во Јунајтед купот, првиот го освоија во 2023 година. зс/
Фото: ЕПА