САД го замрзнуваат целото федерално финансирање на Јужна Африка
- „За да отидам уште подалеку, секој земјоделец (со семејството) од Јужна Африка што сака да побегне од оваа земја, од безбедносни причини, ќе биде поканет во САД со брз процес за добивање државјанство“, напиша Трамп во објавата на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Вашингтон, 7 март 2025 (МИА) - Американската федерална влада целосно го прекинува финансирањето на Јужноафриканската Република, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од британските медиуми.
„За да отидам уште подалеку, секој земјоделец (со семејството) од Јужна Африка што сака да побегне од оваа земја, од безбедносни причини, ќе биде поканет во САД со брз процес за добивање државјанство“, напиша Трамп во објавата на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Американскиот претседател прецизираше дека овој процес ќе започне веднаш.сд/
фото:МИА архива