• среда, 27 ноември 2024

САД го завршија повлекувањето на своите војници од Нигер

САД го завршија повлекувањето на своите војници од Нигер

Нијамеј, 5 август 2024 (МИА) - САД го завршија повлекувањето од последната база во Нигер - онаа во Агадез.

Повлекувањето дојде набргу откако Нигер ја одбележа првата годишнина од воениот удар. Воениот режим тогаш побара од американската војска да ја напушти земјата.

Веста за повлекувањето ја потврди американската команда во Африка.

На почетокот на јули американската војска во друга база - во Ниамеј, ја напушти африканската земја.

Повлекувањето од базата Агадез започна во мај.

САД испратија војници во Нигер за да се приклучат во борбата против џихадистите кои редовно вршат крвави напади во земјата. паг/

 

 

Остани поврзан