САД ги суспендираа летовите за Хаити откако беше пукано врз авиони
- Американскиот воздухопловен регулатор ги суспендираше летовите на американските авиопревозници за Хаити на најмалку 30 дена по три истрели во еден ден насочени кон авиони кои полетуваа од оваа карипска држава, објави Би-Би-Си.
Вашингтон, 13 ноември 2024 (МИА) - Американскиот воздухопловен регулатор ги суспендираше летовите на американските авиопревозници за Хаити на најмалку 30 дена по три истрели во еден ден насочени кон авиони кои полетуваа од оваа карипска држава, објави Би-Би-Си.
Авионите на „ЏетБлу“, „Спирит“ и „Американ Ерлајнс“ беа погодени со куршуми во понеделникот при пристигнувањето во главниот град Порт-о-Пренс.
Во нападот на авионот на „Спирит“ стјуардесата се здобила со полесни повреди, но нема повредени патници.
Федералната управа за авијација (ФАА) вчера издаде известување за воздушните мисии (Нотам) за приземјување на летовите поради „ризиците за безбедноста на летовите поврзани со континуираната безбедносна нестабилност“.
На американските авиони во моментов им е забрането да минуваат помалку од 3.048 метри од територијата и воздушниот простор на Хаити.
Одделно, ФБИ објави дека се вклучил во истрагата за пукањето на авионот „Спирит“. мс/
фото: МИА архива