• недела, 22 декември 2024

САД ги продолжија санкциите против Русија за една година поради војната во Украина

САД ги продолжија санкциите против Русија за една година поради војната во Украина

Вашингтон, 4 март 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден продолжи за една година одредени санкции воведени против Русија поради ситуацијата во Украина, пренесуваат руски медиуми повикувајќи се на документ објавен на веб-страницата на Белата куќа.

Станува збор за рестриктивните мерки што сегашната администрација ги примени кон Русија на 21 февруари 2022 година, претходната администрација на Доналд Трамп на 20 септември 2018 година и администрацијата на 44-от американски претседател Барак Обама во март и декември 2014 година во врска со Крим.

- Сите овие санкции мора да останат во сила и по 6 март 2024 година. Дејствата и политиките опфатени во овие извршни наредби продолжуваат да претставуваат невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави, се наведува во документот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан