• четврток, 23 јануари 2025

САД ги предупредуваат своите граѓани „веднаш“ да ја напуштат Русија

САД ги предупредуваат своите граѓани „веднаш“ да ја напуштат Русија
Вашингтон, 7 март 2022 (МИА) - Стејт департментот ги предупреди Американците да ја напуштат Русија веднаш, повикувајќи се на новиот закон на земјата со што се криминализира ширењето на „лажни информации“, околу војната во Украина, јавија американски медиуми. Амбасадата во Москва дополнително ги предупреди американските граѓани, да избегнуваат големи собири на јавни места. Руските власти го блокираа пристапот до платформите на социјалните медиуми, а ограничени се и странските вести. бд/зш/

Остани поврзан