• понеделник, 16 декември 2024

САД ги повикуваат своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на Русија

САД ги повикуваат своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на Русија
Москва, 27 февруари 2022 (МИА) - Граѓаните на САД треба да размислат веднаш да ја напуштат Русија со комерцијални летови, соопшти денеска Стејт департментот, наведувајќи го зголемениот број авиокомпании кои ги откажуваат летовите и земјите го затвораат својот воздушен простор за Русија по нејзината инвазија врз Украина. „Граѓаните на САД треба веднаш да размислат за заминување од Русија преку комерцијални опции што се уште се достапни“, се вели во безбедносното предупредување од 27 февруари на веб-страницата на американската амбасада во Москва. Тие бараат од граѓаните на САД да имаат „план за вонредни ситуации што не се потпира на помошта од американската влада“. зш/

Остани поврзан