• понеделник, 23 декември 2024

САД: Газа мора да остане палестинска земја

САД: Газа мора да остане палестинска земја

Вашингтон, 1 декември 2023 (МИА) – Газа мора да остане палестинска земја, изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, додавајќи дека САД се противат на намалување на територијата на енклавата откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека тоа ќе се случи.

Нетанјаху вчера му рече на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Израел ќе воспостави безбедносна тампон зона „длабоко“ во Газа.

- Не поддржуваме никакво било намалување на географските граници на Газа. Газа мора да остане палестинска земја и не може да биде намалена, рече Кирби во обраќање до јавноста.

Некои медиуми, исто така, претходно јавија дека Израел информирал неколку арапски земји дека сака да воспостави тампон зона на палестинската страна од границата по завршувањето на војната. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан