• сабота, 16 ноември 2024

САД воведе санкции против трговски мрежи кои ги поддржуваат Хутите и Хезболах

САД воведе санкции против трговски мрежи кои ги поддржуваат Хутите и Хезболах

Вашингтон, 15 август 2024 (МИА) - САД воведоа санкции против трговски мрежи кои ги поддржуваат Хутите и Хезболах.

Американското Министерство за финансии денеска објави дека вовело санкции против трговски мрежи кои ги поддржуваат јеменските бунтовници Хути и групата Хезболах.

Мерката е донесена во момент кога Вашингтон се обидува да го засили притисокот врз Техеран и групите што тој ги поддржува. Во соопштението, Министерството соопшти дека санкционирало компании, физички лица и бродови кои се одговорни за испорака на производи од Иран, вклучувајќи нафта и течен гас, за Јемен и Обединетите Арапски Емирати, со цел да ја финансираат мрежата на Хутите.

Американските власти тврдат дека приходите од оваа мрежа се користат за финансирање на нападите на Хутите врз трговски бродови во Црвеното Море и врз цивилната инфраструктура. Нападите на бунтовниците Хути во Црвеното Море го прекинаа трговскиот пат и ги принудија сопствениците на бродови да користат подолги и поскапи рути, што доведе до застој во азиските и европските пристаништа.

Санкциите вклучуваат и забрана за трговски трансакции со американски државјани, а финансиските институции кои учествуваат во одредени трансакции со санкционираните лица, исто така ризикуваат да бидат погодени од санкции. ссм/

фото: архива

Остани поврзан