САД, Австралија и Јапонија одржаа воени вежби во Јужното кинеско море
- САД, Австралија и Јапонија одржаа заеднички воени вежби во Јужното кинеско море во средата и денеска, соопшти Седмата флота на САД.

Вашингтон, 8 февруари 2024 (МИА) - САД, Австралија и Јапонија одржаа заеднички воени вежби во Јужното кинеско море во средата и денеска, соопшти Седмата флота на САД.
Во соопштението се наведува дека во вежбите учествувале разорувачот со наведувани проектили УСС „Џон Фин“ и борбениот брод УСС Габриел Гифорд и извршиле операции со поморски бродови од Јапонија и Австралија.
Командантот на „Џон Фин“ Ервин Тејлор рече дека заедничките воени вежби ги зајакнуваат односите меѓу американските сојузници Јапонија и Австралија.
Пекинг силно се противи на странските поморски операции во областа, велејќи дека тоа подрачје и припаѓа на Кина. паг/
Фото: МИА архива