Садик Кан по трет пат стана градоначалник на Лондон
- Градоначалникот на Лондон, Садик Кан победи на изборите во главниот град по трет пат, победувајќи ја Сузан Хол од британската Конзервативна партија.

Лондон, 4 мај 2024 (МИА) - Градоначалникот на Лондон, Садик Кан победи на изборите во главниот град по трет пат, победувајќи ја Сузан Хол од британската Конзервативна партија.
Кан, кој е од Лабуристичката партија, победи во девет од 14-те изборни единици во Лондон.
Тој обезбеди 1.088.225 гласови, додека за Хол гласале 812.397 гласачи, пренесува „Стандард“. рп/
Фото: ЕПА