САД/Избори: Светлата на Емпајер стејт билдинг ќе светат во боите на победникот во „колебливите“ држави
- Светлата на познатата њујоршка зграда Емпајер стејт ќе ги менуваат боите секој пат кога Асошиејтед Прес ќе прогласи победник во една од клучните, колебливи, држави, според објава на официјалниот профил на „Икс“, поранешен „Твитер“.
Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Светлата на познатата њујоршка зграда Емпајер стејт ќе ги менуваат боите секој пат кога Асошиејтед Прес ќе прогласи победник во една од клучните, колебливи, држави, според објава на официјалниот профил на „Икс“, поранешен „Твитер“.
Кулата на 103-катниот облакодер ќе свети во сина боја пет минути ако Харис освои една од колебливите држави и во црвена ако Трамп победи во истите.
Кога еден од кандидатите ќе го достигне прагот од 270 електорски гласови, Емпајер стејт билдинг повторно ќе светне во бојата на победничката политичка партија: црвено за републиканецот Трамп или сино за демократката Харис.
Ако не се случи големо изненадување, седумте држави каде што ќе се одлучува победата се Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин. ссм/
фото: принтскрин