• петок, 05 декември 2025

Сабаленка се откажа од турнирот во Пекинг поради повреда

Сабаленка се откажа од турнирот во Пекинг поради повреда

Пекинг, 17 септември 2025 (МИА) - Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, се откажа од турнирот во Пекинг, објави прес-службата на турнирот.

Дваесет и седумгодишната Белорусинка се пожали на полесна повреда.

Во 2024 година, на турнирот во кинеската престолнина, Сабаленка стигна до четвртфиналето, каде што загуби од Каролина Мучова (Чешка) со 6:7 (5:7), 6:2, 4:6. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан