• петок, 05 декември 2025

Сабаленка го освои турнирот во Мадрид

Сабаленка го освои турнирот во Мадрид

Мадрид, 3 мај 2025 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка стана шампионка на турнирот во Мадрид.

Во финалето на Мастерсот 1000, тенисерката број еден во светот вечерва  ја победи Американката Коко Гоф, која е рангирана на 4. Место, со 6:3 и 7:6 (7:3). Мечот траеше 1 час и 41 минута.

Сабаленка сервираше два аса, направи две двојни грешки и реализираше четири брејк топки од 13. 

Гауф имаше два аса, седум двојни грешки и реализираше две брејк топки од три шанси.

Дваесет и шестгодишната Сабаленка ја освои својата 20. ВТА титула во поединечна конкуренција и трета оваа сезона. Годинава таа победи и на турнирите во Бризбејн и Мајами.

Наградниот фонд на турнирот во шпанската престолнина изнесуваше 8, 9 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан