• петок, 05 декември 2025

Саар: Израел е подготвен да го прифати американскиот предлог за примирје во Газа

Саар: Израел е подготвен да го прифати американскиот предлог за примирје во Газа

Тел Авив, 9 септември 2025 (МИА) – Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар е подготвен да постигне договор за прекин на огнот во војната во Газа врз основа на новиот предлог на САД.

Израел „има цел да ја заврши војната врз основа на предлогот на претседателот Трамп и според принципите утврдени од Безбедносниот кабинет на Израел“, изјави Саар за време на денешната посета на Хрватска.

Американската влада минатата недела претстави предлог за пауза во конфликтот. Трамп на неговата платформа Truth Social во неделата напиша дека израелската влада ги прифатила плановите.

Според израелската телевизија Канал 12, предлогот предвидува предавање на сите живи заложници во првите 48 часа од стапувањето во сила на примирјето.

За возврат, израелската армија би ја прекинала офанзивата во градот Газа.

Нацрт-договорот, наводно, исто така предвидува и преговори за целосен мировен договор откако примирјето ќе стапи во сила.

Според Тајмс од Израел, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сè уште не одржал состанок на Кабинетот за да го разгледа предлогот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан