• недела, 24 ноември 2024

Сè повеќе Кубанци исповедаат Сантерија

Сè повеќе Кубанци исповедаат Сантерија

11 април 2023

Асошиејтед прес (преку Бета)

Од мала двособна бетонска куќа на работ на главниот град на Куба, татнежот на дрвените тапани се излева на улиците. На вратата се собираат соседите, а децата се качуваат на оградата за да ѕирнат внатре.

Тие гледаат како десетици Кубанци, украсени во бели африкански монистри, принесуваат жртви на светлосиниот олтар што зафаќа половина од собата, барајќи среќа, заштита и добро здравје.

Иако речиси 70 отсто од 670 милиони жители на Латинска Америка се сметаат себеси за католици, мнозинската религија во Куба е Сантерија.

Спој на африканските религии и католицизмот, Сантерија беше една од ретките религиозни практики што издржаа децении на забрана и стигма од комунистичката влада.

Сега, додека таа стигма постепено исчезнува и земјата влегува во целосна економска, политичка и миграциска криза, религијата расте во популарност и се шири.

„Секој ден има се повеќе од нас“, рече 30-годишната Менди Араскета во својот дом меѓу толпата луѓе кои танцуваат и принесуваат жртви на олатарот на пластична кукла која го прикажува божество Јоруба Јемаја.

Сантерија настана како форма на тивок отпор од црнечките заедници на островот. Таа религија е стара со векови - од времето кога шпанските колонизатори насилно донесоа стотици илјади африкански робови.

Додека Шпанците се обидуваа да им го наметнат католицизмот, Африканците донесоа свои религии, главно од Западна Африка, кои ќе ги камуфлираат со прикажување на нивните божества - ориши - како католички светци.

Заштитничката на Куба, Пресвета Богородица, на пример, била помешана со златното божество Ошун.

„Тоа се машало, мешало... преку оваа католичка девица, тие би разговарале со своите африкански светци“, објасни Роберто Зурбано, кубански културен аналитичар. „Така религијата успеа да опстане“.

Иако има стотици ориши - богови во Сантерија, практичарите познати како „сантерос“ обично обожаваат само неколку, поврзувајќи се со нив преку ритуали и дарови.

Еден петок навечер, Аразкета, нејзиното семејство и пријателите принесоа понуди од кокос и црвени кубански пезоси украсени со ликот на Че Гевара, жртвувајќи две кокошки над чинии полни со камења и школки. За возврат бараат добро здравје, сила за време на тешкотии, па дури и среќа во љубовта.

„Тоа е многу кубанско, го правиме тоа спонтано. Затоа што знаеме со какви борби се соочуваме во оваа земја“, рече Аразкета.
 
Се проценува дека милиони ширум светот ја практикуваат Сантерија, иако нивниот број - особено во Куба - е тешко да се одреди поради неформалната природа на религијата. Американската комисија за меѓународна верска слобода проценува дека 70 отсто од Кубанците практикуваат некоја верзија на Сантерија или слична религија со корени од Африка.

Она што е јасно од олтарите расфрлани во домовите низ островот и од многуте Кубанци во Хавана облечени во бело, облеката што ја носеле сантеросите во првите години по преобраќањето за да претставуваат преродба, е дека Сантерија ја долови кубанската свест.

По кубанската револуција во 1950-тите, Фидел Кастро ги уништи верските објекти и ги протера свештениците кои ја критикуваа неговата влада. Религијата, опишана од комунистичкиот филозоф Карл Маркс како „опиум на народот“, била строго забранета.

Католицизмот, многу зависен од црковните собири и хиерархија, исчезна.

Во меѓувреме, верниците во Сантерија ги користеле истите средства за преживување што ги користеле во претходните векови.

„Луѓето веруваа, но не можевте да кажете ништо бидејќи тоа беше политички забрането од марксизмот. Но, дејствуваше на зајакнување на афро-религиозните верувања во многу затворени кругови“, рече Зурбано. „Тие тоа би го чувале во тајност, би ја задржале својата религиозност за себе.

Семејството на Зурбано тивко вршеше ритуали во својот дом и церемонии кои требаше да траат по една недела, поделени на помали делови со паузи од два дена, за да не бидат забележани од властите. Некои приврзаници тајно носеа религиозна облека под другата облека.

Кетрин Хансинг, кубански антрополог од Градскиот универзитет во Њујорк, рече дека Сантерија издржа поради својата флексибилност и едноставното суштинско верување: дека едноставните дарови во храната носат добро здравје.

Во 1990-тите, кога главниот сојузник на Куба, Советскиот Сојуз, се распадна и островот влезе во економска криза, многу Кубанци најдоа утеха во Сантерија.

Кубанската влада го прифати, но официјално одобрените церемонии практично немаат следбеници, бидејќи островјаните претпочитаат да слават дома.

„Тоа е неверојатно отпорен религиозен систем“, рече Хансинг. „Толку е децентрализиран што им овозможува на поединечните верници или практичари да го прават она што им треба“. ссм/

фото: Википедија

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан