• сабота, 23 ноември 2024

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО

Москва, 17 мај 2024 (МИА) – Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека се невозможни геополитичките проекти со НАТО и оти Москва нема доверба во Алијансата.

- Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивни одбивност, посочи Рјабков.

Тој додаде дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на рамноправна основа“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан