• вторник, 19 ноември 2024

РФМ ја исплати наградата на машката кадетска репрезентација за учество на Шампионатот во Рига

РФМ ја исплати наградата на машката кадетска репрезентација за учество на Шампионатот во Рига
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната федерација на Македонија исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за машката кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб. Премијата е заслужена со освоено прво место на ЕХФ Шампионатот М18 во Рига, Летонија, како и за обезбедување пласман на М20 Европското првенство 2024, како и  обезбедено учество на Светското првенство следната година во Хрватска за ракометари до 19 години. Ракометната федерација на Македонија не пропушта да награди ниту една селекција која ќе оствари забележителни резултати. зс/

Остани поврзан