• среда, 25 декември 2024

РФМ: Одложен стартот на ракометното првенство поради трагедијата во Тетово

РФМ: Одложен стартот на ракометното првенство поради трагедијата во Тетово

Скопје, 9 септември 2021 (МИА) – Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го одложи почетокот на новата сезона во домашното првенство поради трагедијата во модуларната болница во Тетово.

Како што е соопштено, воведното коло од 29. сезона во ракометното првенство, кое требаше да се игра попладнево, е презакажано за претстојниот викенд.

- Поради прогласената тридневна жалост и апел од Владата да се одложат сите спортски манифестации, првото коло од ракометната Супер Лига предвидено за денеска се одложува за в недела, соопшти РФМ, изразувајќи притоа сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 луѓе. ег/свс/

Остани поврзан