• сабота, 23 ноември 2024

РФМ: Вардар 1961 парично казнет, суспензија за Стоилов

РФМ: Вардар 1961 парично казнет, суспензија за Стоилов
Скопје, 31 март 2022 (МИА) – Актуелниот шампион Вардар 1961 е парично казнет поради слаба организација на саботното прволигашко дерби против Еурофарм Пелистер, а капитенот на „црвено – црните“ Стојанче Стоилов е суспендиран поради неспортско однесување на теренот, одлучи денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Поради пропусти во организација на натпреварот, кој Еурофарм Пелистер го реши во своја корист, Вардар 1961 е санкциониран со парична казна во износ од 60.000 денари. Во финишот на натпреварот капитенот на Вардар, Стоилов, поради неспортско однесување беше исклучен и е казнет со забрана за настап од еден натпревар, - Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар 1961 лиценца бр. 21, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана на настап од еден натпревар согласно член 114 од ДП на РФМ, објави РФМ. ег/вј/  

Остани поврзан