• понеделник, 23 декември 2024

Руте: Холандија ќе распореди американски систем за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија

Руте: Холандија ќе распореди американски систем за воздушна одбрана „Патриот“ во Литванија

Вилнус, 2 април 2024 (МИА) - Холандија ќе распореди американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Литванија, соопшти денеска холандскиот премиер Марк Руте за време на средбата во Вилнус со литванскиот претседател Гитанас Науседа.

„Границите на Литванија се исто така граници на ЕУ и НАТО, што ги прави наши граници и ние ќе ги заштитиме“, додаде Руте.

Литванскиот претседател ја поздрави оваа одлука и ја дефинира како важна фаза во имплементацијата на европскиот модел за противвоздушна одбрана на принципот на ротација во регионот на Балтичкото Море.

Литванското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека распоредувањето на системот „Патриот“ ќе трае неколку недели. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан