• вторник, 24 декември 2024

Руско МО: Ноќеска соборени 21 украински беспилотни летала

Руско МО: Ноќеска соборени 21 украински беспилотни летала

Москва, 7 октомври 2024 (МИА) – Руската армија соопшти дека синоќа соборила 21 украинско беспилотно летало, од кои 12 биле над територијата на полуостровот Крим.

„Во текот на ноќта беа спречени обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со дронови на руска територија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Министерството додаде дека противвоздушната одбрана ги соборила сите 21 украински дрона.

Министерството прецизираше дека 12 беспилотни летала биле соборени над Крим и шест над регионот Курск, каде од почетокот на август се одвива голема украинска офанзива.

По еден дрон е неутрализиран над регионите Белгород, Брајанск и Воронеж, кои граничат со Украина.

Засега нема извештаи за штети или жртви.

Локалните власти на Крим утринава соопштија дека избувнал пожар во складиште за нафта во Феодосија, но не го поврзуваат со нападите во текот на ноќта.

Владата на Крим соопшти дека по пожарот во ова складиште за нафта, каде што биле испратени спасувачи и пожарникари во овој град на Црното Море е прогласена вонредна состојба.

Русија речиси секојдневно објавува дека уништила украински беспилотни летала лансирани на нејзина територија. Киев вели дека ги изведува овие напади, кои често се насочени кон енергетски објекти, како одговор на повеќе од двегодишното руско бомбардирање на Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан