• петок, 30 август 2024

Руско МО: Во текот на ноќта уништени 18 украински дронови  над Русија

Руско МО: Во текот на ноќта уништени 18 украински дронови  над Русија

Москва, 30 август 2024 (МИА) - Руската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 18 украински беспилотни летала над регионите Крим, Брјанск, Калушка и Белгород.

Министерството прецизирано дека 11 беспилотни летала се соборени над територијата на регионот Брјанск, четири над регионот Калушка, два дрона се уништени над Крим и еден над регионот Белгород, пренесуваат руските медиуми.

Руското Министерство наведува и дека хеликоптер „Ми-28НМ“ на руската армија извршил ракетен напад и уништил персонал и оклопни возила на Вооружените сили на Украина во пограничниот регион на Курската област.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан