• понеделник, 23 декември 2024

Русковска: Од преземените предмети од СЈО, околу 17 се во истрага, 47 во предистрага

Русковска: Од преземените предмети од СЈО, околу 17 се во истрага, 47 во предистрага
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) -  Од предметите што се преземени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), околу 17 се во истрага, а околу 47 во предистрага, рече обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска  вечерва во гостување на ТВ Канал 5. СЈО, оцени, не го урна никој друг освен Катица Јанева. - СЈО се уште ќе егзистираше ако Јанева се однесуваше онака како што треба. Ништо не е наштетено на случајот Империја. Предметот е даден на вештачање. Вештите лица сега ја ги вештачат доказите. Нема изгледи тој случај да застари. Перењето пари не застарува. Катица одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор и после земала и други пари. Не можете да кажете за кого било, ни за Камчев, додека нема правосилна пресуда, дека е криминалец, наведе Русковска. Прашана за случајот „Рекет“ и каде завршиле парите, таа рече дека кога вршеле вештачење на телефонот на Бојан Јовановски според локацијата на фотографијата се утврдило дека парите се во домот на неговите родители. - Апсолутно има докази дека откако се земени парите, тие завршиле во домот на родителите, а каде е торбата, јавноста треба да знае дека парите се дадени во февруари 2019, а Камчев дојде да пријави на 2 мај, ние не бевме вклучени од почетокот, рече Рускоска. Според неа случајот не е ниту мито ниту рекет, туку, како што рече, квалификацијата си е точна - противправно посредување.мс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан