• сабота, 23 ноември 2024

Руските сили се обидуваат да го заземат Азовстал

Руските сили се обидуваат да го заземат Азовстал
Киев, 13 мај 2022 (МИА) - Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андрјушченко изјави дека руските сили утринава се обидуваат да навлезат на територијата на фабриката Азовстал во тој град. Андрјушченко рече дека руските сили, додека трае гранатирањето, се обидуваат да се пробијат до централниот дел на фабриката. Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги продолжила артилериските и воздушните напади врз Мариупол и дека главните напори се уште се концентрирани на блокирање на украинските војници во областа на фабриката Азовстал. паг/  

Остани поврзан