• понеделник, 23 декември 2024

Руските напади во Украина се брутални и неоправдани, тврди Белата куќа

Руските напади во Украина се брутални и неоправдани, тврди Белата куќа

Вашингтон, 9 март 2023 (МИА) - Белата куќа ги осуди денешните руски воздушни напади во Украина, нарекувајќи ги брутални и неоправдани. Најмалку девет лица загинаа во серијата напади со ракети и беспилотни летала.

„Вознемирувачки е да ги гледаме овие брутални, неоправдани напади врз цивилната инфраструктура во цела Украина“, изјави за новинарите портпаролката на американскиот претседател Оливија Далтон.

Како резултат на нападите дел од Украинците останаа без струја. Привремено беше прекинато и снабдувањето со електрична енергија на АЕЦ Запорожје - најголемата нуклеарна централа во Европа. рп/

Остани поврзан