• среда, 25 декември 2024

Рускиот хакер Бурков екстрадиран од САД во Москва

Рускиот хакер Бурков екстрадиран од САД во Москва

Москва, 28 септември 2021 (МИА) - Рускиот хакер Алексеј Бурков, кој во јуни 2020 година во САД беше осуден на девет години затвор, денеска е уапсен во Москва откако беше депортиран од САД.

Руската полиција го приведе Бурков на московскиот аеродром Шереметјево. Тој во Русија е обвинет во отсуство и се бараше негово апсење преку Интерпол.

САД го уапсија Бурков под сомнение дека покренал две интернет страници на кои се тргуваше со украдени броеви на кредитни и дебитни картички. Тој е обвинет и за кражба на лични податоците , како и упад во компјутерските системи и перење пари.

Бурков беше уапсен во Израел во декември 2015 година и беше екстрадиран во ноември 2019 година во САД. Тој во јануари 2020 година призна вина по разни обвиненија, вклучително измама, кражба на идентитети, упад во компјутерите и перење пари. ми/

Остани поврзан