• среда, 25 декември 2024

Рускиот совет за безбедност соопшти дека Украина стои зад нападот во концертната сала

Рускиот совет за безбедност соопшти дека Украина стои зад нападот во концертната сала

Москва, 26 март 2024 (МИА) - И покрај веродостојните тврдења на исламистичките терористи, секретарот на Советот за национална безбедност на Русија, Николај Патрушев, ја обвини Украина за нападот во близина на Москва минатиот петок.

Според руските медиуми, на прашањето на новинарите дали терористичката милиција Исламска држава или Украина стои зад нападот на концертната сала „Крокус“, во кој загинаа најмалку 139 лица, Патрушев одговори: „Украина, се разбира“, пренесе ДПА.

Тој не објасни како дошол до оваа проценка.

Исламска држава веќе неколку пати ја презеде одговорноста за нападот во Москва. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан