• сабота, 26 октомври 2024

Путин се сретна со палестинскиот лидер Абас на самитот на БРИКС

Путин се сретна со палестинскиот лидер Абас на самитот на БРИКС

Казањ, 24 октомври 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со палестинскиот лидер Махмуд Абас на маргините на состанокот на БРИКС.

- Ние силно сме за брз крај на крвопролевањето (во Газа), му рече Путин на Абас во делот што беше емитуван на телевизиите, пренесе Ал Џезира.

Кремљ ги одржува односите и со Израел и со Палестинците, но експертите велат дека неговото вистинско влијание врз конфликтот е ограничено.

За разлика од САД и Европската Унија, Русија не го стави Хамас на црната листа како „терористичка“ организација, и прими делегати на групата во Москва кусо време по нивната победа на палестинските избори во 2006 година и ги третира како легитимна политичка сила, пишува Ал Џезира. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан