• сабота, 23 ноември 2024

Рускиот патријарх во карантин

Рускиот патријарх во карантин
Москва, 8 октомври 2020 (МИА) – Патријархот Московски и на цела Русија Кирил соопшти дека е во карантин по контакт со лице заразено со коронавирусот. Рускиот патријарх поради тоа ја откажа традиционалната посета на Троице-Сергиева Лавра. - Со длабоко жалење сакам да ве известам дека овој пат не можам да ја споделам радоста на молитвата со вас. Причината за ова е мојот неодамнешен контакт со лице на кое му е дијагностициран коронавирус, наведе патријархот во пораката до Братството на Троице-Сергиева Лавра објавена на интернет страницата на Руската православна црква. јт/

Остани поврзан