• сабота, 23 ноември 2024

Рускиот парламент ја одобри големата уставна реформа

Рускиот парламент ја одобри големата уставна реформа
Москва, 11 март 2020 (МИА) - Рускиот парламент денеска ја изгласа големата уставна реформа со која му се овозможува на претседателот Владимир Путин да остана на власт уште 12 години откако неговиот актуелен мандат заврши во 2024 година. Државната дума во третото и последно читање денеска одобри низа амандмани на Уставот, помеѓу кои и амандманот со кој на Путин му се овозможува дека уште двапати ќе се кандидира за претседателската функција. „За“ гласаа 383 пратеници, ниту еден не се изјасни „против“, додека 43 пратеници беа „воздржани“. За уставните амандмани граѓаните ќе гласаат на референдум на 22 април. Пред гласањето амандманите ќе ги разгледува рускиот Уставен суд. epa08285452 Nikolai Rybakov, a chairman of Russian Democratic party Yabloko stands with a placard reading 'Zeroing terms is usurpation of the power', in front of the State Duma (Russian parliament) in Moscow, Russia, 11 March 2020. The Russian lower house of parliament gave its final approval to constitutional amendments that allow Vladimir Putin to run again for president in 2024.  EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV Критичарите на Кремљ го осудија таквиот чекор како цинична манипулација и повикаа на протести. ми/

Остани поврзан