• сабота, 23 ноември 2024

Рускиот амбасадор Баздникин во посета на Штип

Рускиот амбасадор Баздникин во посета на Штип
Штип, 8 април 2021 (МИА) - Амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин денеска беше во посета на Општина Штип, каде се сретна со градоначалникот, Сашко Николов, со кој разговарале на повеќе теми, меѓу кои и за економска соработка. -Ние секогаш сме отворени за искрен, рамноправен дијалог, врз основа на взаемно почитување и водење сметка на меѓусебните интереси. Се разбира свесни сме на чекори, кои само ја поткопуваат довербата и секако не го стимулира развојот на билатералните односи со Русија. Се надевам дека нашите македонски партнери на државно ниво целосно ќе ги исполнат ветувањата за развој и зајакнување на соработката, вели Баздникин. Рускиот амбасадор истакна дека и покрај ограничувањата од пандемијата, сепак руско-македонската соработка продолжува да се развива. Трговската размена во 2020 година, додаде тој, е зголемена. -Според руската статистика македонскиот извоз за Русија е пораснат за 18 отсто, додека увозот забележа раст од 22 отсто, вели Баздникин. Тој посочи дека висококвалитетните македонски производи, како што е текстилот и обувките, се од голем интерес за руската страна. Верува дека воспоставената соработка меѓу двете земји во сферата на образованието и науката се голем потенцијал, а особено воспоставената соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов истакна дека ова не е прва средба и посета на амбасадорот на Руската федерација, и информира дека на средбата се разговарало за унапредување на економската соработка. -Знаеме дека здравствената криза направи една катастрофална економска криза, која на колена ја турна  целата економија. Штип мора да бара начин каде да ги пласира и да најде шанса за нашите сопственици да обезбедат плата и да дадат на нашите сограѓани, за да може општината да функционира на уште подбро ниво, вели Николов. Тој најава дека во понеделник ќе има средба со штипскиот бизнис сектор, со цел да се воспостави поголема соработка со компаниите од Руската федерација. вдј/сст/

Остани поврзан