• вторник, 24 декември 2024

Руската опозиционерка Шевченко осудена на четири години условно

Руската опозиционерка Шевченко осудена на четири години условно
Москва, 18 февруари 2021 (МИА) - Судот во Ростов на Дон ја осуди активистката на движењето „Отворена Русија“, Анастасија Шевченко, на четири години условно, пренесе агенцијата РИА Новости. Шевченко беше прогласена за виновна за „вршење активности во име на непожелни организации“. Обвинителството побара опозициската активистка да биде осудена на пет години затвор, но судот го зеде како олеснителна околност фактот дека таа имала две малолетни деца за време на истрагата. Шевченко (41) е во домашен притвор од 23 јануари 2019 година. Нејзиниот случај предизвика критики во јавноста откако медиумите објавија дека наводно не и било дозволено да ја види својата 17-годишна ќерка додека умирала во болница. Подоцна беше откриено дека не смеела да ја гледа својата ќерка само за време на реанимацијата, но дека успеала да ја види пред да почине. Шевченко е обвинета за спроведување активности во име на „Отворена Русија“, група со седиште во Велика Британија, основана по иницијатива на нафтениот магнат Михаил Ходоровски, кој е во егзил. Обвинителството соопшти дека групата спроведува „специјални програми и проекти во Русија“ со цел да ги дискредитира резултатите од претходните избори и да ги прогласи нивните резултати за нелегитимни. паг/  

Остани поврзан