• понеделник, 23 декември 2024

Руската државна телевизија прекина говор на Путин

Руската државна телевизија прекина говор на Путин
Москва, 18 март 2022 (МИА) - Руската државна телевизија го прекина говорот на претседателот Владимир Путин во сред реченица додека тој денеска се обраќаше пред десетици илјади приврзаници на главниот фудбалски стадион во Москва. Додека Путин се обраќаше на насобраниот народ, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика. На Путин му беше скратена реченицата додека велеше: „Почетокот на операцијата случајно се совпадна со роденденот на една наша извонредна војска“ … Руската државна телевизија е строго контролирана и таквите прекини се крајно невообичаени, нагласуваат западни медиуми. Путин зборуваше на настан за поддршка на руската армија во Украина и за одбележување на анексијата на полуостровот Крим во 2014 годинами/ https://twitter.com/KevinRothrock/status/1504812728636088335

Остани поврзан