Руската воздушна одбрана собори 97 украински дронови преку ноќ над руските региони
- Руската воздушна одбрана (ПВО) собори 97 украински дронови преку ноќ над седум руски региони и Црното Море, објави денеска руското Министерство за одбрана.
Москва, 28 февруари 2026 (МИА) - Руската воздушна одбрана (ПВО) собори 97 украински дронови преку ноќ над седум руски региони и Црното Море, објави денеска руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека 40 украински дронови се соборени над Крим, 22 над Брјанската област, 16 над Белгородската област и десет над Црното Море, објавија руските медиуми.
Се нагласува дека четири украински дронови се соборени над Краснодарскиот крај, по две над Курската и Калушката област и едно над Тулската област. мс/
фото: Архива