• четврток, 07 ноември 2024

Руската безбедносна служба истражува 14 странски новинари за илегално преминување на границата

Руската безбедносна служба истражува 14 странски новинари за илегално преминување на границата

Москва, 7 октомври 2024 (МИА) - Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека веќе води кривична истрага против 14 странски новинари кои на 17 август илегално влегле во руската област Курск преку границата со Украина.

ФСБ наведува дека новите новинари кои се предмет на истрага за нелегално преминување на границата се од Франс 24 и швајцарската ЦХ Медиа.

Во август, Украина започна ненадеен напад врз Курската област, заземајќи територии околу пограничниот град Суџа. Некои странски новинари, вклучително и од САД, Германија и Романија, влегоа на територијата на Курската област контролирана од Украина. Ова први го направија новинарите од италијанскиот канал РАИ.

Според руските закони, нелегалното преминување на границата се казнува со затвор до пет години. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан