• среда, 27 ноември 2024

Русија ќе гради нуклеарна централа во Узбекистан

Русија ќе гради нуклеарна централа во Узбекистан

Ташкент, 28 мај 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Ташкент со узбекистанскиот колега Шавкат Мирзијојев потпишаа договор Русија да изгради мала нуклеарна централа во централноазиската држава.

Според Мирзијоев проектот е од витално значење за Узбекистан, кој има „големи резерви на ураниум“.

Доколку договорот биде имплементиран, тоа ќе биде првата нуклеарна централа во Централна Азија, што дополнително ќе го зголеми влијанието на Русија во регионот.

Проектот предвидува изградба на шест реактори со вкупно 330 мегавати, иако претходно двете земји разговараа за изградба на многу поголема нуклеарна централа од 2,4 гигавати.

Путин вети и дека ќе ја зголеми испораката на гас за Узбекистан.

Тоа е трето патување во странство на Путин од неговата инаугурација за петти претседателски мандат на почетокот на мај. Тој прво ја посети Кина, каде му се заблагодари на Пекинг за предлозите да се преговара за крај на војната во Украина, а потоа беше во Белорусија, каде што Русија има распоредено тактичко нуклеарно оружје. ми/

фото: МИА архва

Остани поврзан