Русија ја тестира својата воздушна одбрана како одговор на воените вежби на Украина и САД
- Русија ја тестира подготвеноста на својот систем за противвоздушна одбрана на Крим, полуостровот што го анектираше од Украина во 2014 година, бидејќи Украина и земјите од НАТО одржуваат воени
Москва, 29 јуни 2021 (МИА) - Русија ја тестира подготвеноста на својот систем за противвоздушна одбрана на Крим, полуостровот што го анектираше од Украина во 2014 година, бидејќи Украина и земјите од НАТО одржуваат воени вежби во Црното Море, објави денеска новинската агенција Интерфакс.
Вежбите „Морски ветер 2021“ следат по зголемувањето на тензиите меѓу НАТО и Москва, која минатата недела соопшти дека истрелала предупредувачки истрели во близина на британски воен брод за да го истераат од водите на Црно Море, покрај брегот на Крим.
Руската Црноморска флота соопшти дека распоредила 20 борбени авиони и хеликоптери, вклучително и бомбардери Су-24М, како и С-400 и ракетен систем Панцир со ракети земја-воздух.
Руската амбасада во Вашингтон минатата недела повика на откажување на вежбите, а руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе одговори доколку е потребно за да се заштити сопствената национална безбедност.
Односите меѓу Киев и Москва се на многу ниско ниво откако Русија го окупираше Крим, како и поради руската поддршка на сепаратистичките бунтовници во источна Украина.
Тензиите повторно се зголемија оваа година, бидејќи Русија собра војска на границата со Украина, каде дел од трупите се уште се наоѓаат таму со својата опрема. паг/