• вторник, 17 декември 2024

Русија ја прекинува испораката на гас за Полска

Русија ја прекинува испораката на гас за Полска
Варшава, 26 април 2022 (МИА) - Русија од утре ќе престане да испраќа гас во Полска, соопшти полската државна компанија за гас ПГНиГ. Компанијата соопшти дека руската енергетска фирма Газпром ја информирала дека сите испораки на гас во земјата ќе бидат прекинати од 08:00 часот по средноевропско време. „Газпром“ го оправда потегот со новите правила објавени минатиот месец, според кои „непријателските“ земји мора да плаќаат за гас во рубли, а ПГНиГ одби да го стори тоа. ПГНиГ се потпира на Гаспром за најголемиот дел од увозот на гас и 53 отсто од увозот го купи од руската компанија во првиот квартал од оваа година. Таа го опиша исклучувањето како прекршување на договорот, додавајќи дека компанијата ќе преземе чекори за да го врати протокот на гас. Овој потег не претставува непосредна закана за испораката на гас за Полска. ПГНиГ соопшти дека нивните подземни складишта за гас се речиси 80 отсто полни, а побарувачката е помала како што се приближува летото. Полска, исто така, има алтернативни извори на снабдување, вклучително и терминал за течен природен гас (ЛНГ) во Свинојшие. И на 1 мај, се очекува да се отвори нова гасоводна врска со Литванија, со што Полска ќе добие пристап до гас од терминалот за течен природен гас во Литванија. Полска, исто така, може да купува гас на европскиот пазар и да го доставува преку гасоводи до Германија и Чешка. ссм/

Остани поврзан