• недела, 29 декември 2024

Русија: Украина до изутрина да се изјасни за предавање на Мариупол

Русија: Украина до изутрина да се изјасни за предавање на Мариупол
Москва, 20 март 2022 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до утре во раните утрински часови да даде одговор за предавање на Мариупол, објавија западните медиуми, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости. Од 10 до 12 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез на украинските војници и странските платеници без оружје, во тој случај им е гарантирано спасување на животите, а потоа да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите. Повикани се и претставници на ОН, ОБСЕ и Црвениот крст да ја набљудуваат хуманитарната операција на терен. Руското Министерство за одбрана го повика Киев „да биде разумен и да ги поништи претходно дадените упатства кои ги обврзаа милитантите во Мариупол да се жртвуваат“. Москва инсистира писмениот одговор на Киев на овие предлози да се добие пред пет часот изутрина часот по локално време. гт/

Остани поврзан