• вторник, 24 декември 2024

Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина

Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина
Њујорк, 26 февруари 2022 (МИА) - Русија, како и што се очекуваше, вечерва стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина, јавио ДПА од Њујорк. На гласањето во зградат ан Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата. Кина се воздржа од изјаснување, заедно со уште две земји членки на 15-члениот форум на Светската органзиација. Единаесет земји во Советот гласаа „за“ резолуцијата. Нацрт-резолуцијата ја осудува руската агресија и го потврдува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзината независност. Со неа се бара Русија веднаш да се повлече и да се врати на мировниот план на договорот од Минск, пренесе ДПА. сд/

Остани поврзан