• вторник, 24 декември 2024

Русија со воени авиони евакуира 380 лица од Кабул

Русија со воени авиони евакуира 380 лица од Кабул
Москва, 18 ноември 2021 (МИА) - Три руски воени транспортни авиони полетаа кон Авганистан за да евакуираат повеќе од 380 лица, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија. Во соопштението се наведува дека „по наредба на претседателот Владимир Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу наредил“ 380 државјани на Русија, Белорусија, Киргистан, Ерменија, Украина и Авганистан да бидат евакуирани со воени авиони од територијата на Исламската Република Авганистан. Од воената база Чкаловски, североисточно од Москва, за Кабул заминаа три авиони „Иљушин-76“ со 108 тони хуманитарна помош, а тие луѓе ќе бидат евакуирани при враќањето. паг/

Остани поврзан