• среда, 27 ноември 2024

Русија се согласи да дозволи пристап на украински тим до далноводите во Чернобил

Русија се согласи да дозволи пристап на украински тим до далноводите во Чернобил
Москва, 10 март 2022 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се согласило на украинскиот тим за поправки да му дозволи пристап до далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил, објави новинската агенција Интерфакс, пренесува Хина. Информацијата е објавена без дополнителни детали. Агенцијата на ОН за атомска енергија претходно соопшти дека поради инвазијата на Русија врз Украина ја влошила нејзината комуникација со нуклеарната централа Чернобил и централата Запорожје и дека ситуацијата е загрижувачка. Украина вчера соопшти дека постои опасност од истекување на радијација во нуклеарната централа во Чернобил по исклучувањето на електричната енергија, но Агенцијата на ОН за атомска енергија не идентификуваше „клучно влијание врз безбедноста“. Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ соопшти дека е оштетен високонапонски далновод за време на борбите меѓу украинските и руските сили кои ја држат под контрола нефункционалната електрана и дека Чернобил е отсечен од националната електрична мрежа. Енергоатом наведува дека „радиоактивни материи“ кои би можеле да бидат закана за други делови на Украина и Европа би можеле да бидат ослободени доколку нема електрична енергија за ладење на потрошеното нуклеарно гориво складирано во електраната која ја доживеа најтешката нуклеарна несреќа во светот во 1986 година. ссм/

Остани поврзан