• среда, 27 ноември 2024

Русија обвини дека азербејџанска војска влегла во Нагорно Карабах

Русија обвини дека азербејџанска војска влегла во Нагорно Карабах
Москва, 26 март 2022 (МИА) - Русија денеска го обвини Азербејџан дека го прекршил договорот за прекин на огнот со Ерменија, потпишан по војната во Нагорно Карабах во 2020 година, со тоа што негови сили влегле во зоната под контрола на руските мировни сили и таму поставиле надзорна станица. „Помеѓу 24 и 25 март, азербејџанските вооружени сили го прекршија трилатералниот договор на лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, влегувајќи во зоната на одговорност на рускиот мировен контингент во Нагорно Карабах“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Министерството додаде дека азербејџанските сили поставиле станица за надзор и извршиле четири напади со беспилотни летала врз силите на Нагорно Карабах во близина на градот Фарук. Москва повика на повлекување на азербејџанските сили. „Командата на рускиот мировен контингент презема мерки за решавање на ситуацијата, испратен е повик за повлекување на силите на азербејџанската страна“, се додава во соопштението. ссм/

Остани поврзан